Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина неуспешно се обидела да нападне брод на руската Црноморска флота кој го штити гасоводот.

Во соопштението се наведува дека бродот ја следел ситуацијата долж гасоводот Турски тек и трасата на гасоводот Син тек во Црното Море, како и дека нема жртви и бродот не е оштетен, пренесе Ројтерс.

„Украина неуспешно нападна руски брод со шест чамци во Црното Море, а за време на нападот воздушно извидување изврши американското стратешко беспилотно летало ‘Глобал Хок’“, посочува руското Министерство, пренесе РИА Новости.

Министерството објави дека при одбивањето на нападот, сите чамци биле уништени со оган од стандардното оружје на рускиот брод на 300 километри југоисточно од Севастопол.