Москва го одложи стартот на производството на патничкиот авион МС-21 за една година, поради американските санкции воведени кон Русија, соопшти рускиот конгломерат „Ростек“.
Првиот човек на „Ростек“, Сергеј Чемезов нагласи дека со американските санкции се ограничува извозот на композитни материјали неопходни за производство на авионот, па компанијата ќе мора да најде начини да ги обезбеди тие делови од домашно производство.
– Датумот на стартот на масовното производство (на авионот) малку се поместува и сега се очекува тоа да се случи кон крајот на 2020 година, додаде Чемезов.
Русија се надеваше дека проетокот за изработка на МС-21 ќе продонесе за заживување на руската индистрија за производство на цивилни авиони.