Руските власти денеска оценија дека одлуката на САД да испорача касетни бомби во Украина е гест на „препознавање на слабоста“, додавајќи дека поради тоа Вашингтон ќе биде соучесник во убивањето цивили со ова контроверзно оружје.

„Пренесувањето на касетна муниција е гест на очај и признавање на слабост во контекст на неуспехот на таканаречената украинска контраофанзива“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руската дипломатија го осуди „циничниот обид да се продолжи агонијата на актуелните украински власти кои не се грижат за цивилните жртви“, бидејќи овие касетни бомби убиваат неселективно.

Со набавка на касетна муниција, Вашингтон всушност ќе биде соучесник и ќе биде одговорен за смртта на руски и украински деца, додаваат руските власти.

Ова оружје е забрането во многу земји, особено во Европа, потписнички на Конвенцијата од Осло од 2008 година. Во таа конвенција не се вклучени ниту САД, ниту Украина, ниту Русија.