Сè повеќе има информации дека руската армија ја презела нуклеарната централа во Чернобил, која се наоѓа недалеку од границата со Белорусија.

Информацијата ја потврди и советникот на украинскиот претседател Зеленски: „По жестока борба изгубивме контрола над Чернобил. Не е позната состојбата на нуклеарната централа и складирањето на нуклеарниот отпад“.

Белоруски новинар: Ја зазедоа електраната и зеле работници како заложници

Хана Љубакова, новинарка од Белорусија, на Твитер објави дека руските сили ја презеле нуклеарната централа Чернобил. Работници во електрана се заробени, пишува Љубакова.

Истата информација ја објави Кристо Грозев, наградуван истражувачки новинар.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руските сили ја напаѓаат областа Чернобил.

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја освојат нуклеарната централа Чернобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Ова му го пријавив на шведскиот премиер. Ова е објава на војна на цела Европа “, напиша Зеленски на Твитер.