Русија разви посебна стратегија, со која ќе го претвори градот Сергиев Посад, недалеку од Москва, во „Православен Ватикан” до 2025 година.
Проектот вреди околу две милијарди долари.
Црковните официјални претставници разговараа со градските водачи од 2017 година за да го претворат Сергиев Посад во „главен град на православието”.
Сергиев Посад е местото каде што се наоѓа манастирот на Троица-Сергиева лавра, кој се смета за духовен центар на Руската Православна Црква.
Претходно оваа година, Црквата побара од премиерот Владимир Путин да го поддржи проектот.
Манастирот е основан во 1345 година од еден од најславните руски светители, свети Сергиј Радоњешки, кој на ридот Маковец изградил црква во чест на Света Троица.
Статусот лавра, односно манастирската населба, манастирот го стекнат во 1744 година.
Црквата сега планира да изгради голем комплекс на згради околу манастирот, се наведува во документ од 300 страници. Како инспирација за овој проект се наведени Ватикан, Ерусалим и Мека.
Стратегијата повикува на реструктуирање на Сергиев Посада, делејќи го на духовна, станбена и административна област. Градоначалникот Михаил Токарев процени дека проектот ќе чини околу 140 милијарди рубли (2 милијарди долари) и ќе зазема една третина од центарот на градот. Се очекува дека тука ќе има музеи, културни центри, богословска библиотека, хотел, висок црковен суд, медицински центар и православен медиумски центар.
Исто така се повикува на изградба на нов автопат, транспортно место и нов аеродром за сместување на туристи.