Велика Британија, Холандија, Германија, Белгија…. се најдоа на удар на руската мисија при ОБСЕ поради насилството употребено од властите на овие држави против демонстрантите кои низ цела западна Европа, кои протестираат поради мерките против корона вирусот.
Но, впечатокот е дека Русија, која обично не реагира на вакви нешта, бидејќи и нејзината полиција не е нималку нежна при слични ситуации, само ги мава со нивен камен по глава. Или со други зборови, го покажува двојниот аршин на овие земји, односно укажува на тоа дека нивните реакции кон Русија обично немаат врска со наводната загриженост за демократијата кон Русија туку се гола политика.
Инаку, станува збор за истите држави кои и даваа поддршка на шарената банда во РМ која сега е раширена, како во власта, така и во опозицијата преку своите политичари и т.н. експерти како ДИмитар Апаиев и преку некои новинари, „ортаци“ на ВМРО-ДПМНЕ како т.н. „Меко Бабуле“.