Неодамна, беше промовирана неговата нова збирка раскази „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис“, за која ќе рече: „Во моето творештво многу сакам да користам научна фантастика, киберпанк и магичен реализам. За мене нема ништо позабавно од мешањето на реалниот живот и документарноста и да ги раскажувам преку фантастиката.  Егосурфер е професија. Знам, звучи чудно. Но, во фантастиката, особено во киберпанкот, ништо не е чудно кога е навистина чудно. Во истоимениот расказ, по кој се нарече и целата збирка раскази, егосурфер е сосема обична, а во исто време крајно необична професија што ја извршува главниот лик. Почетен импулс или конкретна инспирација за оваа збирка немаше. Расказите во ‘Егосурфер’ не се пишувани одеднаш – ги создавав во текот на изминатите дваесет години, а сега почувствував дека им е време за објавување“.

Александар Русјаков (1977 година, Велес), досега ги има објавено поемата „Недовршена љубовна приказна“, збирката песни „Голтка восхит од солзите на вечноста“, збирката раскази „Ме сакаш ли под дождот?“, романите „Тринаесеттиот месец“, „Атена со пенис“, како и книгите „Курвински хроники“, „Албино трип“ и романот „Хотел меѓу две војни“, добитник е на наградата „Пегаз“ во 2021 година и на „Рациново признание“ во 2022 година. По повод стоте години од смртта на Франц Кафка, тој минатата година ја напиша и својата прва книга за деца – „Девојчето и куклата што патува“, во издание на „Либи“, инспирирана од познатата анегдота за девојчето кое тагувало по изгубената кукла.

Русјаков веќе со години е писател којшто го позиционира својот глас на границата меѓу модерната македонска литература и жанровските експерименти. Неговите книжевни дела привлекуваат интерес поради необичните претпоставки што ги „обработуваат“, неговото мешање на фантастиката со социјалните коментари, што редовно ги прави неговите книги предизвик за читателите. И не „провоцира“ само со прозата и поезијата… Автор е на филмски, ТВ-сценарија, краток документарен филм, пишува драмски текстови, колумни…

Колку свесно ги градите слоевите во книгите, а колку им дозволувате на ликовите сами да ве “изненадат”?

-Искрено, јас сум писател кој не размислува и не обрнува внимание на креативните концепти и трансцедентните „напади“ на фантазијата. Но, ајде вака да одговорам: на ликовите, свесно им дозволувам, сами да ме „изненадат“, па зеднички ги „лупиме“ слоевите на приказната.

Дали пишувањето за вас е повеќе бегство или соочување?

-Пишувам затоа што зборовите, стиховите, речениците, приказните и ликовите во нив ме напаѓаат и единствен начин да им побегнам е да ги исфрлам од себе.

Колку филмската естетика ви влијае врз ритамот и структурата на романите?

-Огромен број филмски ремек дела се адаптации на познати, помалку познати или непознати романи. Врз мојот живот филмот има силно влијание. Филмот ми е втора љубов после книжевноста. Тоа и го студирав. И што е најинтересно, неколку приказни кои најпрво сум ги замислил или напишал како сценарија, подоцна сум станал свесен дека подобро ќе функционираат како книжевност.

Што мора да почувствувате пред да почнете да пишувате нова приказна?

-Не би знаел како точно да одговорам на ова прашање. Јас постојано, секој ден, во недела, за Нова година, на ден Великден, ако сум на одмор, не престанувам да пишувам. И секогаш пишувам по неколку приказни одеднаш. Паралелно. Оти тие, приказните, така ми доаѓаат. Потребата постојано да се создава е чувство на божествена возбуда, вознемиреност и радост, одеднаш.

Во делата често ви се чувствува немирот на современиот човек. Тој немир е личен или генерациски?

-Во една од своите колумни, напишав: писателиот најудобно живее во неудобноста на стварноста.

Дали човекот бега повеќе од реалноста или од себе?

-Човекот најчесто бега од вистината. Вистината вообичаено боли. Бега и од одговорноста. Затоа има милион оправдувања во кои нешто друго или некои други се виновни за неговата состојба. И додека бега од вистината и одговрноста, истовремено трча. Трча како споулавен објаснувајќи дека брза, дека му се брза, затоа што нема време за чекање, а времето е пари. И така современиот човек наликува на комбинација на мува без глава и слепа кучка која слепи кучиња раѓа.

Колку дигиталниот свет ја менува природата на идентитетот?

-Светот се менува секојдневно. Новите технологии речиси и да не можат да се следат. Секој ден некој вади нова „парна машина“ што нè изненадува, шокира, згрозува, радува – зависно кој како гледа на промените. Ама човекот е ист. Неговата суштина е иста како онаа на Адам и Ева, откако се полакомиле по забранетиот плод и биле протерани од градината.

Бранка Д. НАЈДОВСКА  Неодамна, беше промовирана неговата нова збирка раскази „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис“, за која ќе рече: „Во моето творештво многу сакам да користам научна фантастика, киберпанк и магичен реализам. За мене нема ништо позабавно од мешањето на реалниот живот и документарноста и да ги раскажувам преку фантастиката.  Егосурфер е професија. Знам, звучи чудно. Но, во фантастиката, особено во киберпанкот, ништо не е чудно кога е навистина чудно. Во истоимениот расказ, по кој се нарече и целата збирка раскази, егосурфер е сосема обична, а во исто време крајно необична професија што ја извршува главниот лик. Почетен импулс или конкретна инспирација за оваа збирка немаше. Расказите во ‘Егосурфер’ не се пишувани одеднаш – ги создавав во текот на изминатите дваесет години, а сега почувствував дека им е време за објавување“.  Александар Русјаков (1977 година, Велес), досега ги има објавено поемата „Недовршена љубовна приказна“, збирката песни „Голтка восхит од солзите на вечноста“, збирката раскази „Ме сакаш ли под дождот?“, романите „Тринаесеттиот месец“, „Атена со пенис“, како и книгите „Курвински хроники“, „Албино трип“ и романот „Хотел меѓу две војни“, добитник е на наградата „Пегаз“ во 2021 година и на „Рациново признание“ во 2022 година. По повод стоте години од смртта на Франц Кафка, тој минатата година ја напиша и својата прва книга за деца – „Девојчето и куклата што патува“, во издание на „Либи“, инспирирана од познатата анегдота за девојчето кое тагувало по изгубената кукла.  Русјаков веќе со години е писател којшто го позиционира својот глас на границата меѓу модерната македонска литература и жанровските експерименти. Неговите книжевни дела привлекуваат интерес поради необичните претпоставки што ги „обработуваат“, неговото мешање на фантастиката со социјалните коментари, што редовно ги прави неговите книги предизвик за читателите. И не „провоцира“ само со прозата и поезијата... Автор е на филмски, ТВ-сценарија, краток документарен филм, пишува драмски текстови, колумни...  Колку свесно ги градите слоевите во книгите, а колку им дозволувате на ликовите сами да ве “изненадат”? -Искрено, јас сум писател кој не размислува и не обрнува внимание на креативните концепти и трансцедентните „напади“ на фантазијата. Но, ајде вака да одговорам: на ликовите, свесно им дозволувам, сами да ме „изненадат“, па зеднички ги „лупиме“ слоевите на приказната.  Дали пишувањето за вас е повеќе бегство или соочување? -Пишувам затоа што зборовите, стиховите, речениците, приказните и ликовите во нив ме напаѓаат и единствен начин да им побегнам е да ги исфрлам од себе. Колку филмската естетика ви влијае врз ритамот и структурата на романите? -Огромен број филмски ремек дела се адаптации на познати, помалку познати или непознати романи. Врз мојот живот филмот има силно влијание. Филмот ми е втора љубов после книжевноста. Тоа и го студирав. И што е најинтересно, неколку приказни кои најпрво сум ги замислил или напишал како сценарија, подоцна сум станал свесен дека подобро ќе функционираат како книжевност.  Што мора да почувствувате пред да почнете да пишувате нова приказна? -Не би знаел како точно да одговорам на ова прашање. Јас постојано, секој ден, во недела, за Нова година, на ден Великден, ако сум на одмор, не престанувам да пишувам. И секогаш пишувам по неколку приказни одеднаш. Паралелно. Оти тие, приказните, така ми доаѓаат. Потребата постојано да се создава е чувство на божествена возбуда, вознемиреност и радост, одеднаш.  Во делата често ви се чувствува немирот на современиот човек. Тој немир е личен или генерациски? -Во една од своите колумни, напишав: писателиот најудобно живее во неудобноста на стварноста.   Дали човекот бега повеќе од реалноста или од себе? -Човекот најчесто бега од вистината. Вистината вообичаено боли. Бега и од одговорноста. Затоа има милион оправдувања во кои нешто друго или некои други се виновни за неговата состојба. И додека бега од вистината и одговрноста, истовремено трча. Трча како споулавен објаснувајќи дека брза, дека му се брза, затоа што нема време за чекање, а времето е пари. И така современиот човек наликува на комбинација на мува без глава и слепа кучка која слепи кучиња раѓа.  Колку дигиталниот свет ја менува природата на идентитетот?  -Светот се менува секојдневно. Новите технологии речиси и да не можат да се следат. Секој ден некој вади нова „парна машина“ што нè изненадува, шокира, згрозува, радува – зависно кој како гледа на промените. Ама човекот е ист. Неговата суштина е иста како онаа на Адам и Ева, откако се полакомиле по забранетиот плод и биле протерани од градината.  Колку е тешко денес да се биде искрен автор без да се прилагодуваш на пазарот? -Не знам. Можеби е тешко. Јас искрено не се прилагодувам на пазарот. Ниту, пак знам што бара книжевниот пазар. Забранети плодови? Производи во калапи? Воук-краставици или тикви со расол за политички коректни приказни? Појма немам. Не ме интересира. И онака малку луѓе на планетава одат на пазарот на книжевноста и ја „купуваат“ убавината што ќе го спаси светот, за тебе љубов моја! Жими, Превер!  Што е поголем ризик: да се експериментира или да се повторуваш? -Некои експериментираат, некои се повторуваат. Едни се повторуваат во своите експерименти, други експериментираат со стереотипи. Нема правила. Никогаш не сум размислувал дали треба да следам трендови и текови, правила или жанрови. Пишувам така како што диктира она што сака да излезе од мене. Еден мој пријател, откако ги прочита сите мои книги, ми посочи дека му изгледа како секоја книга да ја напишал друг писател. Тоа ми се допаѓа.  Вашите колумни често отвораат чувствителни општествени теми. Дали писателот треба да биде гласен критичар или дистанциран набљудувач? -Никому не се мешам, никој не сакам да ми се меша. Секој со својот став, страв, слобода или автоцензура. Јас одлучив дистанцирано да набљудувам и тоа што го забележувам, гласно да го кажувам.  Колку е денес тешко да се остане независен автор во културен и медиумски простор што сè повеќе се води од алгоритми и трендови? -Денес сите претендираат да се наречат независни. Не знам од каде таа потреба. Зависните од интернет, социјални мрежи, политика, политички партии, пари, моќ, кафе и цигари, алкохол, дрога или антидепресиви, мажи, жени, шопинг, тренинзи, храна, вегетаријанство, инфлуенсерство, поткасти, АИ, секс, озборување и уште куп други зависности – многу сакаат да нагласат колку се независни. Нема такви. Дури и оние кои нон - стоп го повторуваат истото, зависни се од својата потреба да објаснуваат колку се независни. Авторите се зависни од својата инспирација, фантазија, компјутер, издавачи, потреба за слава, желба за автентичност, оригиналност – и да не набројувам. Поентата  е да се твори. Искрено. Од срце. Како што ти доаѓа. Алгоритам или тренд, неважно – на крајот времето, преку публиката, проценува.  Дали книжевната сцена во земјава нуди доволно простор за експеримент и жанровска хибридност? -Во Македонија, како и секаде во светот,  малкумина не можат да си го замислат животот без книжевност. Оние што љубат да читаат, прифаќаат и книжевни експерименти и жанровска хибридност. Македонија има нова генерација писатели и меѓу нив, исклучително квалитетни. Но, проблемот на „малите јазици“ не дозволува македонските автори да доживеат светска популарност, иако, малкумина се такви во светот кои се сметаат за навистина славни автори. Книжевноста е далеку помалку конзумирана од филм и музика.  Кога започнувате нов роман, тргнувате од идеја, лик или атмосфера? -Тргнувам од потреба. Потреба да го исфрлам светот што се изградил во мене, од идеја, преку суштина, до ликови и целосна приказна. А овие светови постојано се креваат низ мене, паралелно, едноподруго, незапирливо. Во животот се плашам само од две нешта: од Бога и од фактот дека нема да стигнам да го напишам сè она што се раѓа во мене.  Што ве инспирира повеќе: личните искуства или колективните трауми на општеството? -Сè. И личните искуства и фрустрации. И туѓите приказни, љубов и предрасуди. И колективните трауми на општеството и човештвото. И малите едноставни детали. И простите мигови кои создаваат комплексни вселени.  По сите жанровски искуства што ги имате, постои ли тема до која сè уште не сте се осмелиле да ја допрете? -Постојат опасни теми. Напишав роман за промената на името. Се вика „Секс, дрога и Пут-ин Беј“. Сè уште не е објавен. Ќе има многу вознемиреност околу сето тоа. Пишувам и роман за нашите тајни служби. Се вика „Боуви“. Го опфаќа времето од 1968 година кога е излезен неговиот прв албум, до неговата смрт, 2016 година. Знам дека за сите овие години често пати сум бил прислушуван. Тие мене ми се пикале во интима, јас ќе ја фантазирам нивната. Опасно, нели? Ми се мота нешто низ глава кое има работен наслов „Сафари во Сараево“. Инспирирано од најновите морбидни факти кои излегоа на оваа тема. Не, нема нешто што се плашам да го пишувам. Посилно е од мене.  Кое прашање никој досега не ви го поставил, а би сакале да ви го постават? -Која е смислата на животот? Еве да го дадам веднаш и одговорот. 42. Жими, Даглас Адамс!   Фото:  Легенда: Расказите од „Егосурфер“ имаат потенцијал за филм, серија или видеоигра. Еден од нив веќе е екранизиран – режисерот Игор Алексов го сними краткиот филм „Сонот за крвта и душата“, според расказот „Крвта и душата“
Расказите од „Егосурфер“ имаат потенцијал за филм, серија или видеоигра. Еден од нив веќе е екранизиран – режисерот Игор Алексов го сними краткиот филм „Сонот за крвта и душата“, според расказот „Крвта и душата“

Тешко ли е сега и овде, да се биде искрен автор без да се прилагодуваш на пазарот?

-Не знам. Можеби е тешко. Јас искрено не се прилагодувам на пазарот. Ниту, пак знам што бара книжевниот пазар. Забранети плодови? Производи во калапи? Воук-краставици или тикви со расол за политички коректни приказни? Појма немам. Не ме интересира. И онака малку луѓе на планетава одат на пазарот на книжевноста и ја „купуваат“ убавината што ќе го спаси светот, за тебе љубов моја! Жими, Превер!

Што е поголем ризик: да се експериментира или да се повторуваш?

-Некои експериментираат, некои се повторуваат. Едни се повторуваат во своите експерименти, други експериментираат со стереотипи. Нема правила. Никогаш не сум размислувал дали треба да следам трендови и текови, правила или жанрови. Пишувам така како што диктира она што сака да излезе од мене. Еден мој пријател, откако ги прочита сите мои книги, ми посочи дека му изгледа како секоја книга да ја напишал друг писател. Тоа ми се допаѓа.

Вашите колумни често отвораат чувствителни општествени теми. Дали писателот треба да биде гласен критичар или дистанциран набљудувач?

-Никому не се мешам, никој не сакам да ми се меша. Секој со својот став, страв, слобода или автоцензура. Јас одлучив дистанцирано да набљудувам и тоа што го забележувам, гласно да го кажувам.

Како може денес да се остане независен автор во културен и медиумски простор што сè повеќе се води од алгоритми и трендови?

-Денес сите претендираат да се наречат независни. Не знам од каде таа потреба. Зависните од интернет, социјални мрежи, политика, политички партии, пари, моќ, кафе и цигари, алкохол, дрога или антидепресиви, мажи, жени, шопинг, тренинзи, храна, вегетаријанство, инфлуенсерство, поткасти, АИ, секс, озборување и уште куп други зависности – многу сакаат да нагласат колку се независни. Нема такви. Дури и оние кои нон – стоп го повторуваат истото, зависни се од својата потреба да објаснуваат колку се независни. Авторите се зависни од својата инспирација, фантазија, компјутер, издавачи, потреба за слава, желба за автентичност, оригиналност – и да не набројувам. Поентата  е да се твори. Искрено. Од срце. Како што ти доаѓа. Алгоритам или тренд, неважно – на крајот времето, преку публиката, проценува.

Дали книжевната сцена во земјава нуди доволно простор за експеримент и жанровска хибридност?

-Во Македонија, како и секаде во светот,  малкумина не можат да си го замислат животот без книжевност. Оние што љубат да читаат, прифаќаат и книжевни експерименти и жанровска хибридност. Македонија има нова генерација писатели и меѓу нив, исклучително квалитетни. Но, проблемот на „малите јазици“ не дозволува македонските автори да доживеат светска популарност, иако, малкумина се такви во светот кои се сметаат за навистина славни автори. Книжевноста е далеку помалку конзумирана од филм и музика.

Кога започнувате нов роман, тргнувате од идеја, лик или атмосфера?

-Тргнувам од потреба. Потреба да го исфрлам светот што се изградил во мене, од идеја, преку суштина, до ликови и целосна приказна. А овие светови постојано се креваат низ мене, паралелно, едноподруго, незапирливо. Во животот се плашам само од две нешта: од Бога и од фактот дека нема да стигнам да го напишам сè она што се раѓа во мене.

Што ве инспирира повеќе: личните искуства или колективните трауми на општеството?

-Сè. И личните искуства и фрустрациите. И туѓите приказни, љубов и предрасуди. И колективните трауми на општеството и човештвото. И малите едноставни детали. И простите мигови кои создаваат комплексни вселени.

По сите жанровски „патешествија“ што ги имате, постои ли тема до која сè уште не сте се осмелиле да ја допрете?

-Постојат опасни теми. Напишав роман за промената на името. Се вика „Секс, дрога и Пут-ин Беј“. Сè уште не е објавен. Ќе има многу вознемиреност околу сето тоа. Пишувам и роман за нашите тајни служби. Се вика „Боуви“. Го опфаќа времето од 1968 година кога е излезен неговиот прв албум, до неговата смрт, 2016 година. Знам дека за сите овие години често пати сум бил прислушуван. Тие мене ми се пикале во интима, јас ќе ја фантазирам нивната. Опасно, нели? Ми се мота нешто низ глава кое има работен наслов „Сафари во Сараево“. Инспирирано од најновите морбидни факти кои излегоа на оваа тема. Не, нема нешто што се плашам да го пишувам. Посилно е од мене.

Кое прашање никој досега не ви го поставил, а би сакале да ви го постават?

-Која е смислата на животот? Еве да го дадам веднаш и одговорот. 42. Жими, Даглас Адамс!

МИА