Амбасадата на Руската Федерација во Македонија упати честитка до Македонците и македонските граѓани, по повод 24 Мај.
– На нашите македонски браќа срдечно им го честитаме нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостолски Кирил и Методиј, сесловенските просветители и проповедници на христијанството, творци на словенската писменост, кои му дадоа на словенскиот свет азбука и ги поставија темелите на словенските литератури! „Дали Словените имаат азбука? Учењето без азбука и без книги е како да пишувате разговор на вода“ (Кирил), се наведува во честитката упатена преку официјалниот профил на Руската амбасада на Фејсбук.
Со честиктата се објавува и фотографија и појаснување дека таа е од споменикот на Свети Кирил и Методиј во рускиот град Коломна.