По падот на беспилотното летало во Загреб, руската амбасада во Хрватска соопшти дека руските сили немаат вакви дронови во својот арсенал од 1991 година, односно од распадот на Советскиот Сојуз и дека дронот е произведен на територијата на Украина.

„Амбасадата на Руската Федерација во Хрватска е информирана за соборениот дрон од извештаите на хрватските медиуми, во кои е наведено дека експерти сега вршат истражување за оваа ситуација, па затоа сите прашања за инцидентот мора да бидат насочени кон тие експерти и украинскиот амбасада во Хрватска, бидејќи тој дрон е произведен на територијата на Украина“, соопштија од руската амбасада, пренесува Index.hr.