Телевизијата поврзана со Руската православна црква објави повик за учество во реално шоу со духовна тематика.
Местото на случувањата ќе биде островскиот манастир на езеро кое се наоѓа на половина пат меѓу Москва и Санкт Петербург.
„Пронајдете се себеси и научете нешто повеќе за светот на манастирскиот живот… Пронајдете одговори на прашањата кои долго ве мачат”, се вели во видеорекламата во која се бараат учесници во емисијата.
Видеоснимката објавена деновиве на интернет-страницата на ТВ-каналот „Спасител“ не нуди информации за тоа како учесниците ќе бидат избрани, ниту дали меѓу нив ќе има каква било интеракција.
Како што пренесува Танјуг, манастирот е исклучиво машки.
Официјалните податоци говорат дека Телевизијата „Спасител“ е приватно финансирана од 2005 година а намената ѝ е промовирање на православните христијански вредности, и сега е во сопственост на Руската православна црква, најголемата верска заедница во земјата.