Долниот дом на рускиот Парламент одобри денеска нацрт закон со кој е предвидено до 15 денови затвор за навреди кон власта упатени преку интернет како забрана на ширење лажни вести.
Според опозицијата, целта на тие мерки е да се задуши поинаквото мислење.
Двата закона поминаа на прво читање во руската Дума со 332 односно 336 гласови од 450 пратеници.
Едниот предвидува парична казна од 5.000 рубљи или 15-дневен затвор, додека другиот предвидува парична казна од 5.000 до еден милион рубљи за ширење лажни вести.