Сиромашната Централноафриканска Република имаше голема среќа во вторникот, но само на хартија откако доби заем од 12 милијарди долари од руската државна Надворешнотрговска банка. Станува збор сепак само за грешка.
Сумата фигурирала во финансиксиот извештај на банката за тримесечие објавен од Руската централна банка. Во извештајот е вклучена табела со финансови намери на НТБ кон десетици држави до 1 октомври оваа година.
До Централноафриканската Република стои сума од 801 933 814 000 рубљи (12 милијарди долари) што е 6 пати повисока сума од БДП на таа држава.
Медиуми побарале информации од банката за заемот, но добиле одговор дека таков заем не постои.
– НТБ нема исплатено таква сума за државата. Најверојатно станува збор за операциска грешка во системот кога биле кодирани државите, наведе Банката во изјава за медиуми.