Руската полиција денеска уапси околу 200 учесници на форум за независни членови на општинските и градските совети.
Полициските службеници дојдоа на состанокот во Москва непосредно по отворањето и рекоа дека сите присутни ќе бидат уапсени поради учество на собир организиран од „непожелна“ организација.
Московската полиција соопшти дека го прекинала состанокот затоа што многу учесници немале маски, со што ги прекршиле ограничувањата воведени поради коронавирусот.
Полицијата наведе дека некои од приближно 200-те уапсени биле членови на „непожелна“ организација чие име не е објавено.
Невладината организација ОВД-инфо, специјализирана за политички апсења и репресии, објави список со повеќе од 170 уапсени.
Рускија во 2015 година донесе закон со кој се воведе кривична одговорност за членство во „непожелни“ организации. Врз основа на тој закон, владата забрани активности на околу 30 групи.