Руската воена морнарица доби нови системи со кои може привремено да го заслепи противникот.

Имено, Роселелектроника Холдинг, дел од државната Корпорација Ростех, започна со инсталирање визуелно-оптичка станица 5P-42 „Филин” за воената морнарица.
Досега, еден сет на станицата е инсталиран на фрегатата Адмирал Касатонов што поминува низ тестови за производство.
Вториот е на фрегата Адрмирал Горшков кој од минатата година е во составот на воената моранрица. Се предвидува монтажа на такви апарати на уште две фрегати од пректот 22350.

„Филин“ дејствува со модулација на интензитетот на светлинско зрачење со кое се добива привремено нарушување на видот.