Руски бомбардер Су-24 снимен е како прелетува во близина на шпански носач на авиони, кој учествуваше во воената вежба на НАТО во Балтичко Море, објави шпанската телевизија „Антена 3“.

На снимката се гледа како рускиот авион ниско лета во близина на шпанскиот носач на авиони „Хуан Карлос Први“.

Прелетот на рускиот авион се уште не го коментирале ниту руското Министерство за одбрана ниту НАТО, но шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес за руските медиум изјави дека прелетувањето на Су-24 не е оценето „ниту како инцидент, ниту како провокација“.

Воената вежба „НАТО БАЛТОПС“ се одржуваше од 9 до 21 јуни.

Видеолот од блиската средба можете да го поглнете на следниот линк:

https://t.co/JNkvFSZh7n