Руски дипломат бил пронајден мртов во непосредна близина на руската Амбасада во Берлин, пренесе „Раша тудеј“, додека германски „Шпигел“ денеска јави дека се станува збор за случај од 19 октомври, но досега не и бил познат на пошироката јавност.
Телото на дипломатот било пронајдено на тротоарот пред зградата на амбасадата на 19 октомври околу 7.20 часот утрината, а германските медиуми наведуваат дека дипломатот „очигледно паднал од горниот кат на комплексот на руската Амбасада“.
Според официјалната листа на дипломати, станува збор за 35-годишен маж кој од летото 2019 година бил акредитиран како втор секретар на амбасадата во Берлин.
Германските безбедносни власти, меѓутоа, сметаат дека тој бил прикриен агент на руската разузнавачка служба ФСБ.
Телото на дипломатот веќе било пренесено во Русија, а руската Амбасада соопшти дека станувало збор за „трагична несреќа“.