Калараш има зад себе настап на едно ЕП и едно СП за репрезентацијата на Русија. Играше на ЕП 2016 во Полска и на СП 2017 во Франција. Пролетва играше во бараж средбите меѓу Русија и Чешка кога „Зборнаја” се пласираше на следното СП 2019 и постигна по еден гол на двата меча.
Во клупската кариера Калараш во Русија настапувал за вториот тим на Чеховски Медведи и за екипата на Нева од Санк Петербург во периодот од 2013 до 2015 година. Во тој период освоил сребро и бронза во првенството на Русија.
Во сезоната 2014/2015 бил прогласен за најдобар пивотмен во Русија.
Во последната сезона Калараш ги бранеше боите на Магдебург каде настапуваше и во Купот на ЕХФ. Во Бундеслигата играше на 28 натпревари и постигна 17 гола.