Русија денеска активира борбен авион МиГ-31 за да оддалечи американски воен авион кој се наоѓал над Баренцовото Море
Ова денес го објави новинската агенција РИА, цитирајќи извор од руската армија.
Руската армија соопшти дека американскиот патролен авион е идентификуван како П-8А Посејдон и дека рускиот авион се вратил во базата, кратко време откако авионот од САД направил вртење од 180 степени и се оддалечил од руската граница.
Во последниве недели имало чести наводи за пресретнувања меѓу руски авиони и американски авиони.
Баренцовото Море е дел од Арктичкиот Океан и се наоѓа помеѓу Норвешка и Русија