Руската Федерална агенција за биомедицина (ФМБА) откри нова мутација на коронавирусот, која е способна да ја намали ефикасноста на лекувањето и превентивните лекови, вклучувајќи ги и вакцините, соопшти денеска агенцијата.
– Руски научници од ФМБА открија нови варијанти на SARS-CoV-2 вирусот. Мутациите се откриени примарно во S протеинот и во доменот на врзување за човечките рецептори. Може да ги промени биолошките својства на вирусот и клиничките знаци на инфекцијата, а може да ја намали и ефикасноста на лекувањето и постојните вакцини, кои се тестирани на претходните видови на Ковид-19, наведува ФМБА.
Засега се уште не е познато името на откриената мутација на коронавирусот.