Руските научници од Институтот за биоорганска хемија при Руската академија на науките тврдат дека фермент од змиски отров помага во лекувањето на заразените лица со Ковид-19.
Истражувањето покажало дека отровот од црната змија (Vipera nikolskii) има можна вируцидна активност против Ковид-19.
Тој вид змија воглавно живее во југозападна Русија и во Украина.
Научниците тврдат дека отровот од црната змија би можело да стане перспективно средство за создавање на нов лек против Ковид-19.