Зимското време и ниските температури се идеални за добивање грип или настинка. Ако сакате да се излечите што е можно побрзо, обидете се со овој пијалак од каранфилче, рен и мед за брзо оздравување.
Руски пијалок против грип и воспаление на грлото
Клучна состојка во овој пијалак е каранфилче. Исклучително е добро за смирување на воспалението, уништување на бактериите и лекување на инфекции во усната шуплина и грлото. Ако сте настинати или сакате само да го зајакнете вашиот имунитет, пробајте го овој руски пијалак и уживајте во неговите придобивки. Исто така, научниците ја потврдија ефикасноста на овој руски народен пијалак против настинка и воспаление на грлото.
Состојките на овој пијалак се:
2 дл топла вода
1 лажичка свеж рендан рен
1 лажичка мелено каранфилче
1 лажичка мед
Подготовка: Во чаша топла вода измешајте ги состојките и пијте полека. Повремено мешајте за ренот да не се стегне.