Авиони на НАТО полетале вкупно 290 пати оваа година за да пресретнат руски воен авион кој се приближил премногу блиску до некоја од земјите членки, објави ЕУобсервер.
– Многу малку од пресретнатите авиони влегле во воздушниот простор на сојузниците, соопшти Алијансата.
Бројот на интервенции на земјите од НАТО е намален во однос на минатата година кога полетаа 350 авиони како одговор на еветуални руски закани.