Владата на Никарагва, на претседателот Даниел Ортега одобри распоредување на руски војници, авиони и бродови на своја територија.
Во декретот издаден неделава, што Русија го потврди пред два дена, Ортега им дозволува на руските војници да извршуваат должности за спроведување на законот, „хуманитарна помош, спасувачки мисии и пребарување во итни случаи или природни катастрофи”.
Владата на Никарагва, исто така, одобри присуство на мали контингенти руски војници за „размена на искуства и обука”.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, изјави дека одлуката на Никарагва, што се носи двапати годишно, е „рутинска” бидејќи законот, исто така, овластува војници од САД, Мексико и други земји од Централна Америка за истите потреби.
Захарова рече дека смислата на политиката на Никарагва за привремен прием на странски воен персонал е „развој на соработка во различни области, вклучително и хуманитарен и итен одговор, борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога”.