Руските безбедносни служби тврдат дека спречиле заговор за напад врз лидерите на руската влада на Крим. Тас пренесува дека ФСБ го именувала Роман Машовец, заменик-шеф на кабинетот на претседателот на Украина, како еден од архитектите на нападот.

ТАСС го цитира соопштението на ФСБ, во кое се вели: „Уапсени се членови на тајна разузнавачка група која дејствувала на Крим – шест државјани на Русија и Украина и еден државјанин на Украина и Бугарија, кои биле вклучени во транспортот на експлозиви и компоненти на експлозив. Беше пресретнат канал за испорака на британски експлозиви и компоненти на експлозивни направи од Бугарија преку Турција и Грузија до Русија под маската на испорака на електрични печки“.

Тасс тврди дека цел на заговорот биле шефот на Република Крим Сергеј Аксјонов, претседателот на кримскиот парламент Владимир Константинов и градоначалникот на Јалта Јанина Павленко.