Градоначалникот на украинскиот град Херсон во Фејсбук статус објави дека градот паднал под контрола на Русите. Според Би Би Си, тој напишал дека денеска во канцеларијата на градската власт во Херсон влегле вооружени посетители, мислејќи притоа на руски војници и тој им рекол дека во градот нема украински војници туку само цивили кои тука сакаат да живеат.
Тој додал дека руските сили вовеле полициски час од 20 часот до 6 часот наутро, но дека на возилата со храна и лекови ќе им биде дозволен влез во градот. Тој напишал и дека автомобилите во градот мора да возат со минимална брзина и дека на пешаците им е забрането да се движат во групи поголеми од две лица, пренесува Би Би Си.
-Засега така е. Украинското знаме се’ уште е над нас. И за така да остане мора да ги почитуваме овие барања, соопшти тој.
Херсон е град на југот од Украина во близина на Одеса. Излегува на Црното Море, а низ него поминува Дњепар. Градот има оклу 300 000 жители.