Руските вооружени сили во изминатите 24 часа ја презедоа контролата врз уште две населени места во Донецк – Клебан-Бик и Средње, објави руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се прецизира дека единиците на групата „Југ“ ја презедоа контролата врз населбата Клебан-Бик, додека единиците на групата „Запад“ ја презедоа контролата врз градот Средње, јави ТАСС.