Руската војска уништила команден центар на украинските вооружени сили и уште неколку воени објекти регион Херсон, тврди во саботата во објава на платформата Telegram организацијата на руското население во овој во југоисточниот украински регион наречена „Руски Херсон“.
Ова тврдење не може да се провери од независни извори, а засега руското Министерство за одбрана не ја коментираше информацијата.
Според истиот извор, руските сили извеле напади и врз координати предадени од припадници на украинските сили во областите на Херсонската област кои се под контрола на украинската армија. Уништени се, како што се тврди, магацин со оружје, седум пунктови за наведување беспилотни летала, команден центар, артилериско оружје и повеќекратен минифрлач на украинските сили.
Во моментов руската војска контролира 75 отсто од територијата на Херсонската област, додека украинските сили се распоредени на десниот брег на Дњепар, вклучително и главниот регионален град Херсон.