Министерството за одбрана на Русија продолжува да ги следи сите странски платеници кои пристигнуваат во Украина за да учествуваат во воените дејствија.
Според податоците на руското министерство, од 24 февруари 2022 година, вкупниот број на странски платеници кои пристигнале во Украина изнесува 13.387. Истовремено, до денес е потврдено уништувањето на 5.962 странски платеници.
Во објавените податоци се наведува дека имало 90 државјани на Македонија коишто дошле да се борат во Украина, од кои загинале 30.
Неспорен лидер по бројот на пристигнати и на убиени платеници е Полска (пристигнале 2960, а убиени се 1497).
Од Грузија пристигнале 1042 платеници, од кои 561 загинале.
1.113 „војници на среќата“ пристигнале од САД, а Американците имаат 491 убиен платеник.
Загинати се повеќе од 40% од пристагнатите канадски платеници (422 од 1005).
Од 822 платеници кои пристигнале од Велика Британија, 360 се убиени.
Од Романија пристигнале 784 платеници, а елиминирани се 349.
Бројките за Германија се 235 пристагнати и 88 загинати платеници.
Во однос на Франција, која на сите нивоа го негира присуството на свои платеници на територијата на Украина, загинати се 147 од 356 пристигнати француски војници.