Руската армија изврши групен напад од копно и море со оружје со долг дострел врз центрите за одлучување и објекти на Службата за безбедност на Украина (СБУ), соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Во последните 24 часа, вооружените сили на Руската Федерација извршија групен напад со високо прецизно оружје со долг дострел, од море и копно и со беспилотни летала, врз центрите за одлучување, објектите на СБУ и претпријатијата на воено-индустрискиот комплекс“, се вели во соопштението.

Се додава дека нападите биле извршени и на места каде се стационирани украинските сили и странските платеници.

„Погодени се сите објекти“, тврди руското Министерство за одбрана.

Фото: МИА архива