Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Украина егзекутирала повеќе од десет руски воени заробеници со директен истрел во главата.
Министерството всушност одговори на видеото што кружи на руските социјални мрежи, а на кое се гледа егзекуцијата на руски воени заробеници. Британските медиуми не можеа веднаш да ги потврдат ниту видеото, ниту тврдењата на Министерството за одбрана.
Министерството за одбрана соопшти дека видеото покажува „намерно и методично убиство на повеќе од десет неподвижни руски војници извршени од дегенерични украински војници со директен истрел во главата“.
Руското министерство соопшти дека видеото е знак за „ѕверската природа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот „режим“ во Киев и дека тој „ќе одговара пред судот на историјата, рускиот и украинскиот народ“.
Од Киев засега нема одговор на тврдењата на Москва.