Во Србија денеска почна заедничката тактичка вежба со Русија „Словенски штит 2019“.
Во воената вежба, која почна денес на аеродромот во Батајница и на воениот полигон Пасуљански Ливади, близу Чуприја, учествуваат единици на Воздухопловната и воздушната одбрана на српската Војска со свои ракетни системи и Воздухопловните сили на Руската Федерација.
Вооружените сили на Русија во Србија донесоа дивизион на ракетниот систем С-400 и батерија на системот Панцир, што е првпат овие најсовремени системи да учествуваат во воена вежба во странство, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Целта на вежбата е едукација на заедничката групација на српските против-воздушни сили и Воздухопловните сили на Руската Федерација во противвоздушната одбрана на територија и силите на војската против извидување и дејствување на непријателот во воздушниот простор, како и обука за командување на единиците за подготовка и извршување на операцијата за воздушна одбрана.