Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска оцени дека со претставката од финансиската полиција се врши притисок врз обвинителството и судот.
Таа за Дојче Веле изјавила дека претставката била испратена уште минатиот вторник, само еден ден откако обвинителите го започнаа претресот во државната институција. Тоа што информацијата се споделува со јавноста една недела подоцна, според Русковска, претставува директен притисок врз нивната работа во отворената предистрага.
„Со оглед на тоа дека претставката е поднесена минатиот вторник до обвинителот Јовески, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен напад на обвинителството и судот“, вели Рускоска за ДВ.
Откако минатата недела истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал извршија претреси во финансиската полиција, сод финансиската полиција упатија претставка до јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Сметаат дека обвинителството требало да побара информации кои би им биле доставени, а не да прави претреси согласно анонимни пријави и без индиции.
На тој начин, од финансиската полиција која ја води Арафат Муареми, сметаат дека обвинителството предводено од Вилма Рускоска им го руши угледот и ним и на директорот, а исто така предизвикува и намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“.