Руските системи за воздушна одбрана соборија 57 украински беспилотни летала вечерва над Брјанск, Курск, Орјол, Калуга и Рјазан, како и над Крим, соопшти денес руското Министерство за одбрана.

„Системите за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 31 над територијата на Брјанската област, 14 над територијата на Курската област, седум над територијата на Орјолската област, два над територијата на Калушката област, два над територијата на Рјазанската област и еден над територијата на Крим“, се вели во соопштението, пренесе РИА Новости.

Претходно, 13 беспилотни летала беа уништени над Калушка, Тулскиот регион и Московската област.