Обвинителката Вилма Русковска ги негира информациите дека обвинетиот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, во исказот кој го дал во обвинителството споменувал лица блиски до семејството Заеви и довчерашниот премиер Зоран Заев.

„Не е точно. Во исказот тој спомена НН лица и НН настани, како и дека поради тоа наводно неговиот живот бил загрозен“, вели Рускоска за Алсат.

Од друга страна, пак, информациите кои ги објавија и пренесоа дел од медиумите, велеа дека Боки 13 зборувал за конкретно лице од со иницијали В.З., близок роднина на Зоран Заев.