Холивудскиот актер Џани Русо раскажа дека невиноста ја изгубил со Мерлин Монро кога имал само 15 години, а таа имала 33, пишува британскиот таблоид Сан.

Русо, кој се прослави по улогата во филмот „Кум“, тврди дека таа била личноста која го научила да биде вистински маж.

– Ме научи на сè што знам. Мислев дека сум најсреќното момче во светот, но тоа да се случеше денеска, мислам дека таа ќе беше во затвор, а моите родители од неа би се обиделе да извлечат пари, вели Русо.

Тој објаснува дека не бил нервозен бидејќи спиел со најзгодната американска филмска ѕвезда и секс симбол, а ја запознал работејќи во фризерски салон во Њујорк.

– Мерлин беше пријателски расположена. После неколку средби повеќе не ја доживував како филмска ѕвезда, туку како нормална личност со фантастично тело, вели Русо.

Тој се присетува дека таа често барала од него да и ја шампонира косата. Додава и дека нејзиниот советник го повикал во хотелот во кој престојувала. Мислел дека оди некаде каде ќе и треба негова помош околу фризер. Кога влегол во собата, облеката била расфрлена насекаде, а креветот растурен.

– Беше замотана во бела постелнина и држеше шише шампањ, вели Русо.

Тој вели дека во првиот момент се избезумил, но потоа се опуштил.