Израелските напади врз цели во Иран ќе продолжат сè додека не се постигнат стратешки цели, изјави шефот на израелската дипломатија Гидеон Саар во телефонски разговор со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, јави ДПА повикувајќи се на соопштение од Министерството за надворешни работи на Израел.

– Иранците очигледно напаѓаат цивилни цели, додека Израел се фокусира на воените објекти и иранската нуклеарна програма, изјави Саар. Тој се заблагодари за германската поддршка на правото на Израел на самоодбрана.

Германското МНР потврди дека разговорот се одржал, но не откри повеќе детали, ниту која страна го иницирала контактот. Ова е втор телефонски разговор меѓу Саар и Вадефул откако Израел започна со нападите врз Иран во петокот.