Кандидатот за градоначалник на Општина Могила од ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски на денешниот митинг истакна дека новата програма е креирана од идеите и потребите на граѓаните. Програма која не е список на желби, туку план за работа.
Во изминатите години тој нагласи дека во општината имало инфраструктурна офанзива, а асфалтирани биле рекордни 37 улици.
-Вложувањето во руралната инфраструктура е вложување во иднината на домашното земјоделие. Еден од капиталните проекти е изградбата на главен доводен цевковод за водоснабдување на 9 села, истакна кандидатот за градоначалник на Могила говорејќи за новата програма.
Саботковски потенцираше дека затекнале задолжена општина со сметка пред блокада, а еден од проектите кои бил блокиран од претходната влада, била изградба на градинка ветувана 29 години.
-Сега станува реалност. Ветивме и ја градиме првата градинка со капацитет за 40 деца и многу скоро нашите најмили ќе имаат можност за учење, игра, дружба и социјализаација. Ќе обезбедиме соодветна грижа за деца, но и нови работни места. Работиме на отворање на подрачни градинки на неколку населени места, вели Саботковски.