Вајоминг им се придружи на другите американски сојузни држави, меѓу кои се Алабама, Минесота, Јужна Каролина, Арканзас, Аризона, Флорида, Ајдахо, Монтана, Тексас и Јужна Дакота, што досега или донесоа закони или издадоа наредби за да го спречат воведувањето на ковид-пасоши.
Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, ги забрани ковид-пасошите со издавање на директива според која на никого не смее да му се забранува пристап до места или услуги врз основа на статусот на вакцинација.
Во директивата на републиканецот Марк Гордон се наведува дека „програмите за ковид-пасош можат потенцијално да ја политизираат одлуката што не смее да се политизира“
-Со тое ние ќе ги поделиме нашите граѓани во ситуација кога е потребно единство во борбата против вирусот и ќе им наштетиме на оние кои медицински не се во можност да примат вакцина, забележа Гордон.
Гордон додаде дека вакцината е „личен избор, темелен на лични околности“.