Двата германски овчари на американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден минатата недела се вратени во семејната куќа на Бајден во Вилмингтон откако биле агресивни во Белата куќа, пишува Си-Ен-Ен.
Кучето Мејџор, кого Бајден го вдоми во ноември 2018 година од засолниште за животни, каснал член на обезбедувањето на Белата куќа, поради што двете кучиња се префрлени во Вилмингтон.
Според Си-Ен-Ен, Мејџор, кој има три години, неколкупати ги нападнал персоналот и обезбедувањето на Белата куќа.
Постариот од германските овчари на Бајден, Шампион има околу 13 години.
Кучињата беа донесени во Белата куќа во јануари, неколку дена по инаугурацијата на Бајден.