Американскиот претседател Џо Бајден изрази задоволство и го поздрави одобрението издадено од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) за вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19.
– Гледаме светло на крајот од тунелот, но не смееме да го спуштаме гардот или да претпоставиме дека победата над вирусот е сигурна, порача Бајден.
Тој ги повикува Американците да продолжат да ги почитуваат мерките – носење маски, држење дистанца и миење раце.
– Постојано повторувам дека се уште е можно ситуацијата да се влоши со ширењето на новите соеви коронавирус и да се сврти сегашниот позитивен тренд на контрола на инфекцијата, предупреди претседателот Бајден.
Анализите покажаа дека вакцината „Џонсон и Џонсон“ е 66 проценти ефикасна во спречување на средна до тешка форма на Ковид-19 и сто проценти ефикасна против најтешките форми на болеста за кои е потребна хоспитализација и може да доведе до смртен исход.