Со почетокот на учебната година, децата физички се враќаат на училиште во неколку американски држави, дури и таму каде што коронавирусот се уште е активно присутен, но карантин веќе мораше да се воведе по појава на болеста кај учениците.
Во САД, училиштата обично започнуваат со работа во текот на август, а се појавија поделби бидејќи епидемијата е се уште беснее во земјата.
Поголемите градови, вклучувајќи ги Чикаго, Хјустон, Лос Анџелес и Мајами, се одлучија за виртуелна настава.
Гувернерот на државата Њујорк, кој беше во фокусот на епидемијата оваа пролет, но успеа да го ограничи нејзиното ширење, синоќа рече дека училиштата можат да започнат со работа во области каде позитивната стапка на тестот е под 5 проценти, а поголемиот дел од таа држава е околу 1 процент.
Но, градот Њујорк кој објави дека разгледува хибриден модел на деца кои доаѓаат на училиште еден до три дена во неделата, се уште не потврди како ќе изгледаат часовите во септември за 1,1 милиони ученици во градот.
Од друга страна, гувернерите на републиканските сојузни држави бараат сите ученици да се вратат во училниците, во согласност со ставот на Доналд Трамп.
Така одлучија во Мисисипи, Џорџија, Тенеси и Индијана, каде што започна учебната година минатата и оваа недела. Таму епидемијата се стабилизира кон крајот на јули и почетокот на август, но во тие држави се уште се далеку од намалување на големиот број заразени и починати од Ковид-19.