Две лица загинаа, а седум се повредени во пукање од автомобил за време на снимање на видео спот во Хјустон, Тексас, соопштија локалните власти.

– Девет лица се погодени од огнено оружје од кои едното е во критична состојба, а две загинаа на лице место, соопшти шерифот Ед Гозналес на Твитер.

Нападот се случил во станбен кварт Хјустон.