Американското Министерство за финансии објави нови санкции против повеќе од 300 субјекти и поединци за да го прекине пристапот на Русија до производи и услуги, вклучително и десетици кинески добавувачи, потребни за поддршка на военото производство за нејзината војна во Украина, објавија британските медуми.

Санкциите се насочени кон трети компании и субјекти, вклучително и десетици добавувачи на електроника во Кина. Мерките не наметнуваат секундарни санкции за банките во Кина и другите земји каде американското Министерство за финансии предупреди дека зделките со руски ентитети може да ги лишат институциите од пристап до долари.

Но, Министерството за финансии соопшти дека ги менува санкциите за претходно таргетираните руски банки, вклучително и ВТБ и Сбербанк, за да вклучи филијали и подружници во Кина, Индија, Хонг Конг, Киргистан и на други места.

Новите санкции имаат за цел главно да ги одвратат поединците и компаниите во земјите како Кина, Обединетите Арапски Емирати и Турција да и помогнат на Москва да ги заобиколи западните блокади за да добие клучни технологии, наведуваат американските медиуми. (МИА)