САД денеска најавија заострување на санкциите кон кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј, проширувајќи ги на 38 филијали со цел да му го ограничи пристапот до американските технологии, соопшти американското Министерство за трговија.
Американскиот министер за трговија Вилбур Рос истакна дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја критикува Хуавеј и нејзините филијали за „интензивирани напори за да добијат полуразвиени или развиени полупроводници користејќи ги американските софтвери и технологија со цел да ги постигне политичките цели на Комунистичката партија на Кина“.
Трамп во мај 2019 година потпиша указ со која на американските фирми им се забранува користење на телекомуникациска опрема од извори за кои сметаат дека се закана по националната безбедност.