Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повика на итно ослободување на дисидентите во Хонг Конг, обвинети и притворени според новиот закон за национална безбедност на Пекинг.
„Го осудуваме притворот и обвиненијата против бранителите на демократијата и слободните избори во Хонг Конг и бараме нивно итно ослободување“, напиша Блинкен на Твитер.
„Политичкото учество и слободата на изразување не би требало да се криминал. САД го поддржуваат народот на Хонг Конг“, рече тој.
Вчера, полицијата во Хонг Конг обвини десетици истакнати дисиденти за „субверзивни активности“ со примена на новиот закон за безбедност на Пекинг против демократските движења во административната област.
„Полицијата попладнево подигна обвинение против 47 лица заради извршување субверзивна активност“, беше наведено во вчерашното соопштение на органите на редот во Хонг Конг.