САД ја тужат Аризона и нејзиониот републикански гувернер, Даг Дуси, поради поставување илјадници бродски контејнери како бариера на границата со Мексико, соопшти денеска Ен-пи-ар.
Тужбата е поради преминување по федерално земјиште и доаѓа на три недели пред гувернерот да ја напушти функцијата, на негово место доаѓа избраната гувернерка Кејти Хобс, демократка којa е против конструкцијата.
Дуси вети дека ќе ги отстрани контејнерите, што според него пополнуваат празнини во ѕидот и биле поставени привремено. Тој побара од владата на САД да каже кога ќе ги пополни празнините што остануваат на постојаниот пограничен ѕид, како што беше најавено пред една година.
Безбедноста на границата беше фокус на претседателството на Доналд Трамп и е клучно прашање за републиканските политичари. Трамп издејствува изградба на ѕид што е полна физичка бариера само кај Калифорнија и Аризона, со големи празнини, кај Тексас и останататиод дел од границата се поставени жичани огради со големи делници на празнини.
Властите во Аризона имаа намера да постават 3.000 контејери, работата беше половина завршена не само поради тужбата од федералната влада, туку и протести на активисти кои велат дека контејнерите ја загадуваат природната средина.