Во изминатите пет години САД и дале на Украина над 1,3 милијарди долари за зацврстување на одбранбената способност. Тоа го изјави за рускиот весник „Известија“, прес-секретарот на Пентагон, Ерик Пахон.

– Од 2014 година, САД и дале 1,3 милијарди долари на Украина во сферата на безбедноста за зацврстување на способноста на нејзините сили и зголемување на нивната оперативна компатибилност со НАТО, нагласува тој.

Според Пахон, САД ги поддржуваат евроатлантските намери на Украина.

– Ја поздравуваме намерата на Украина за членство во НАТО и поддржуваме право на таа држава слободно да ја одбере иднината и политичкиот курс без мешање однадвор, наведе прес секретарот на Пентагон за рускиот весник.