САД и Кина постигнаа делумен договор што ќе доведе до примирје во трговската војна и ќе послужи како основа за поширок договор меѓу претседателите на двете земји, Доналд Трамп и Си Џинпинг подоцна оваа година.

Како дел од договорот, Пекинг би се согласил на одредени земјоделски придобивки, додека Вашингтон би намалил одредени даноци на кинеските производи.

Инаку, Трамп подоцна денеска ќе се сретне со кинескиот вицепремиер Лиу Хео за да разговара за трговскиот договор.