САД ќе испратат 3.750 војници на југозападната граница со Мексико за период од три месеци кои ќе бидат поддршка на царинските и пограничните службеници, соопшти Пентагон.
Со тоа вкупниот број на војници испратени таму за помош на агенцијата „Царини и гранично обебзедување“, ќе биде 4.350.
Операцијата на Пентагон, „Верен патриот“ за спречување нелегална имиграција се одвива по указ на претседателот на САД. На 9 ноамври Доналд Трамп потпиша указ со кој се прекинува со обезбедување на давање засолниште на странски граѓани кои ја поминале нелегално границата со Мексико.