САД го поздравија формирањето на новата палестинска влада, а портпаролот на Стејт департментот Метју Милер најави дека Вашингтон ќе соработува со новоименуваните министри „за да се постигнат кредибилни реформи“.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повика на „ревитализација“ на Палестинската самоуправа (ПА) со седиште на Западниот Брег со надеж дека, според Тајмс оф Израел, ПА ќе управува со Појасот Газа, кој во моментов е управуван од Хамас, по завршувањето на конфликтот со Израел.